Ликот на една избледена култура

aleksandarСкопје, олицетворение на урбано живеење, олицетворение на градски манири „мангуплук“ и „фраеризам“… ДА… до пред некое време, и полека, полека се тоа бледее и изчезнува, мангупите се претворија во сељачиња, фраерите во шабани, скопските шмизли (кои толку многу ги велчиме што дури и споменици им правиме) станаа евтин плен на сељачињата од високата класа.

Сиот тој гламур што го носеше Скопје, сиот тој урбанизам изчезна во завивањето на Синан Сакич и фолкрокот на Аца Лукас, сиот тој интелектуализам се истури во ВЕЛИКИ БРАТ… а што е најтрагично целото тоа Скопје се закопа во еден слој на масовен идиотизам од стилот на БЕОГРАД НАЗАД У ОСАМДЕСЕТИХ, дизелаши и нафурани ликови на секој ќош, мислиш ако му згрешиш ќе извади кратка деветка и ќе ти го истури мозокот на сред плоштад, а уствари тој кутриот да му се раздереш ќе се расплаче… напукани фуфици колку ти душа сакаш, мислиш на француска ривиера си и си покрај најфините дами на планетата… а отвараш очи и глеаш дека си на улица Македонија и си опкружен со фукари кои се продаваат за клуч од BMW и неколку пијачки на некои чмокљовци кои незнаат да завртат два реда муабет… не се они криви „толку им фаќа црпката“ , немаат кутрите речник за да направат муабет.

А ние поинтелектуалната класа кои немаме BMW и немаме пари да ги частиме пијачки… нас ни глумат недопирливи, ни глумат дека се од високото добро утро… но, што е со истите кога дома ќе ја симнат шминката и ќе се најдат помеѓу нив и самите себеси? Тогаш настапува тој коплекс на никој и ништо како што јас милувам да го нарекувам… кога ќе сфатат дека освен глумење недопирлива во кафич/дискотека нема постигнато ништо друго во животот. Очајот е неизмерлив, па тоа ги подгрева за уште, уште и уште, повеќе пијачки повеќе коли, повеќе одбиени момци, се ќе направат само за да бидат видени/зборени низ градскиов бетон…

Сега се на ред „магупите“… седнати на сепариња 10 мажи (ќе се изразев поинаку ама ај…) облечени толку клише што изгледа како да се затворени во иста кутија… стандард кошула ставена внатре во фармерките под обавеза тесна (ус тело) ниска патика или некој лош вид на кондура и што е најважно саат КОЛКУ Е МОЖНО ПОГОЛЕМ, не е битно дали е кадио или касио или сквач или своч битно да се глеа од километар дека е саат… и сите се исти толку се заглавени во истата рамка што више стануваат маса, нема поединец. Тоа им е дискач/кафич комбиацијата, ама кејжуал дневна шема кафе мафе муабети ауфитот е на еднакво ниво катастрофален како и горенаведениот… стандард се тие одвратни AIR MAX патики и тие ADIDAS или NIKE чантички (или по наше кажани педерки) у зима е стандард тренерка (LIMITED од NEWYORKER). Не ја разбирам поентата за потреба да се биде ист како другите, не разбирам како не им се јавува потреба да бидат барем малце уникатни.

Ајде сеа да навлеземе подлабоко… Петок вечер… се излегува, потребни се пари… но како да се дојде до нив? Па се разбира МАМА И ТАТО ќе дадат пари и тоа високи 3-4 цифрени суми, а… да прашаше некои мама и тато како доаѓаат до тие пари? Да се размислеше малце дека со 1000 денари што ќе ги потрошат у кафана или у дискотека просечна фамилија може пристојно да руча скоро цела недела… и дека тие пари не врнат од небо, па сеа они да ги доминираат… рака на срце има некои што можат да си ги дозволат тие суми… ама повеќето си ги пуштаат нозете подалеку од чергата.

Е сега ќе речете што сакам да кажам со ова?… Која ми е поентата? Поентата е во тоа што они ако немаат 1000 денари во џеб за да си ја остават јетрата на Аца они тоа не го категоризираат како провод… а наведов горе која е поентата на 1000-ката, неможам да ја разберам поентата што ги спречува да го сфатат тоа?

Степенот на глупост е огромен… кога наместо образованието, духовната и психчката просвета на самите себеси е побитно излегувањето во петок и гејмањето на исто така шаблонските игри и запоставувањето на умственото развивање, тогаш паднати сме многу ниско… како што би рекле Апсурд (бугарска рап група) – Селото се оказа та`кно в града. И целиот тој идиотизам собран на куп го гнаси ова наше Скопје кое толку го сакаме и цениме… Целото тоа фурање на иста шема го убива духот на маѓијата на културата што ја имаше Скопје, градов наш да има уста да зборне до сеа ќе вриштеше… Затоа што Аца Лукас и Синан Сакич (кои се симбол за идиотизам) повеќе настапуваат во него отколку во нивните родни места и се подгреани од истите тие горе наведени „мангупи“ и „фуфици“, а да дојде некое звучно име како на пример Чик Кореа, Оскар Питерсон, Имортал Техник, Буена Виста… нема да има ни пола од бројката на луѓе кој го посетуваат Аца и компанијата… Културата на 0, сељачисмот на 100 и расте… Не иде ова вака, Скопје е во заседа од самите Скопјани… Скопје се распаѓа од внатре…

Затоа само образование и домашно воспитување може да не спаси (е сеа идат коментари од типот… што е со чичево? Што тресе зелени стариов?)… Не, не сум чиче… и не сум старец… Имам 19 години и искрено ми се гади кога ве гледам колку ниско сте паднати… и моите врсници и што е најстрашно и тие после мене… трагедија.

Риџо

 

 

(Објавувањето колумни, мислења, ставови, писма и текстови од надворешни автори е одраз на намерата на „Хајд Парк“ да даде простор на секого кој сака да се искаже. Но, напоменуваме дека мислењата и ставовите изнесени тука, не се одраз на ставовите на „Хајд Парк“ и целосно се оградуваме)

Доколку сакате и вие да ни испратите мислење, став, писмо, текст или дело од било каков вид, тоа можете да го направите на следниот линк.