Европскиот проект ЅCIENTIX ги собира наставниците и истражувачите на едно место за да ја промовира европската димензија во образованието

Наставниците од Македонија беа дел од овој проект од 2014-2016 година и истиот продолжува од оваа година во својата трета фаза се до 2019 година под Horizon 2020 програмата на Европската Унија за истражување и иновации.

16237050_1445211825489508_437748327_n

ЅCIENTIX – заедница за наука, математика, технологија и инженерство; место за промовирање на соработката меѓу наставници од природната група предмети кои сакаат да се вклучат во проекти.
Математика, хемија, физика, биологија се уште се дел од предметите кои најчесто им создаваат главоболка и одбивност на учениците, а дополнително се намалува и бројот на ученици кои овие предмети ги избираат за понатамошно студирање на факултет. И во Европа се намалува интересот меѓу учениците да природните науки бидат нивниот иден професионален избор. Целта на Scientix е да биде место за наставниците од цела Европа на кое ќе се развива соработката, размената на идеи, освојување на современи методи во образовниот процес, надградување на професионалните знаења и предавања со современи техники и вештини кои ќе се применуваат во наставата за да се доближат природните науки до учениците.

16237342_1445211822156175_1365437144_n

ЅCIENTIX амбасадори 2016-1019

Одбрани се 175 наставници од цела Европа и пошироко за да бидат амбасадори на овој проект во третата негова фаза.

Scientix амбасадорите помагаат да се споделуваат Scientix активностите на национално ниво и имаат активна улога во подржувањето на иновативноста во образованието на природните науки, математиката и информатиката во своите земји.Меѓу овие амбасадори се наоѓаат и наши наставници, а една од нив е наставничката по биологија и хемија Силвана Ристевска, која е амбасадор за овој проект од 2014 година.
– Работата на амбасадорите е есенцијална за ширење и создавање на заедница на наставници чија што цел е споделување на добра практика од училница во областа на природните науки и овозможување на учениците да се стекнат со вештини кои им неопходни да бидат успешни како возрасни.

Од 2014 до 2016 се одржанани повеќе од десетина Scientix работилници во “Училницата на иднината“ во Europeanschoolnet academy во Брисел, на кои присуствувале преку 20 наставници, директори на училишта, претставници на образовни организации од Македонија.Оваа пракса ќе продолжи и во наредниот период и се очекува се поголем број наши наставници да имаат можност да се запознаат со претставници на европски проекти и да се стекнат со нови компетенции во нивниот професионален развој.

Филозофијата на Scientix платформата е: Барај, Најди, Вклучи се;

Со логирање на страната на Scientix можете да станете дел од едно европско едукативно семејство со нови можности.

Facebook страна

16216366_1445211872156170_766510078_n

Кои се другите бенефити од Scientix за наставниците?
– да пребаруваат низ Scientix ресурсите, со можност да побараат превод на македонски јазик за материјалите кои ќе ги препознаат како инспиративни за своите часови или воннаставни активности.
– да пронајдат партнери за соработка на заеднички проекти или активности преку креирање на лични професионални профили во базата на Scientix
– да земат учество во европски работилници и курсеви за професионален развој
– да ги превземаат сите презентации, видеа, материјали од одржани конференции
– да земат учество во онлине обуки, вебинари, форуми на наставници и натпревари
– да пишуваат свои блогови за своите искуства во образованието
– да бидат во тек со сите новости од европското образование за природните науки, преку Scientix newsletter и Scientixdigest
Сите новости можат да се следат и на Facebook страната MakedonijavoScientix која е креирана од С.Ристевска и е наменета за сите наставници од нашата земја.