Ловриќ: Србија нема причина да се чувствува загрозена од Хрватска

Вооружените сили на Хрватска претставуваат гарант на мирот и стабилноста во регионот, но и во глобалното опкружување, изјавил хрватскиот генерал Драго Ловриќ, пренесуваат хрватските медиуми.

 Image

Хрватскиот генерал додал дека хрватската војска, преку учеството во Американско-јадранската повелба (А5), во кој како набљудувач е вклучена и Србија, настојува на државите од југоисточна Европа да им пружи поддршка и да ги приближи до стандардите во исполнувањето на евроатланските интеграции.

Ловриќ, како реакцијата на последните изјави од страна на српските власти околу можната набавка на „балистички“ ракети, рекол дека ниедна држава, па така нити Србија, нема причина да се чувствува загрозена.

„Никој во Хрватска не гледа на хрватската војска како на институција која за мисија има проекција на сила во опкружувањето. Нашите темелни стратшки определби и нашите доктрини се насочени кон одбрана на татковината и сметам дека ниедна држава, па така нити Србија, нема причина да се чувствува загрозена. Хрватска ниедна држава не доживува како непријател и не сака другите да ја перцепираат како закана или непријател“, навел Ловриќ.

Српскиот премиер Александар Вучиќ, пак, неодамна изјави дека доколку некој во опкружувањето купува ракети, тогаш Србија ќе мора да пронајде одговор на ова.