Германскa историчарка појаснува какво значење Хитлер ѝ придавал на облеката

Германската историчарка Естер Софија Зјундерхауф која работи на книга за стилот на облекување на нацистичкиот водач Адолф Хитлер, ги анализирала фотографиите кои ги направил неговиот личен фотограф Хајнрих Хофман, и заклучиla дека фирерот внимателно ја избирал гардеробата за да го истакне своето влијание.

adolf-hitler

Како што пишува германскиот весник Suddeutsche Zeitung во саботата, Зјундерхауф смета дека Хитлер сакал да има целосна контрола, дури и на сопствениот имиџ во јавноста. Според неа, колку што бил доследен во вежбањето на позите за своите говори пред огледало, со истата посветеност му придавал големо значење и на стилот на облекување.

Историчарката нагласува дека на фотографиите Хитлер сакал да изгледа како фирер на еден унифициран германски рајх, а не како баварец или Австриец. Тој барал од својот фотограф да ги уништи снимките на коишто можеле да се видат, на пример, negovite откриени колена во традиционалните кожни панталони. Според фирерот, ниедна фотографија не смеела да предизвикува смеење или да го прикажува него во каква и да е друга припадност, особено национална.

„Својата облека ја носел како своевидна воена опрема, којашто го правела неприкосновен“, ја цитира весникот Зјундерхауф, која во средата го имала првото предавање за досегашните истражувања. „Хитлер бил уверен дека гардеробата има суштинско значење во политичката иконографија на нацистичката држава“, додава историчарката.

Во моментов таа работи на книгата за стилот на облекување на Хитлер во којашто има намера целосно да ја анализира неговата гардероба и што тој имал намера преку неа да порача.

Зјундерхауф, исто така, изучува и каков бил односот на младиот Адолф кој облекувањето, истакнувајќи дека тој во студентските години поради скудните средства не посетувал јавни настани, бидејќи не можел да се дозволи нови модерни чевли, и оти често за такви прилики позајмувал облека од пријателите. Дошла до сознанија дека тој на 24-годишна возраст, во 1913 година, кога добил право да го користи наследството од родителите, првото нешто што го купил бил капут.

Една од првите фотографии на фирерот направени од Хофман која ќе биде отпечатена е со мантил, за кој подоцна сметал дека на фотографијата со него ќе асоцира на британските офицери од Првата свеска војна капут, што може да биде толкувано како предавство.