Грешки кои ја уништуваат врската

Врската која почнала изненадувачки убаво и нежно, сепак кратко траела. Тажни сте и размислувате каде сте згрешиле. Психолозите за решавање на љубовните проблеми се потрудиле да објаснат каде сте погрешиле и што треба да направите.

vrska_kavga_prekin

Кога ќе ви помине тагата поради прекинот на врската, соземете се и научете кои грешки не треба да ги повторувате. Наместо да го обвинувате партнерот, обидете се да видите каде сте згрешиле вие. Немојте целата вина вие да ја превземате туку соочете се со своите недостатоци и поправете ги. Време е да се научи кои грешки водат до уништување на врската.

1. Преправање дека сè е во ред, а не е

Ја знаете онаа ситуација кога сте лути и повредени, тој/таа ве прашува што ви е, а вие тивко одговарате – ништо, сè е во ред. Никој не чита мисли, кажете што ве мачи.

2. Критикување

Никој не сака критика, особено не ако се повторува секој ден. Луѓето многу повеќе ги мотивира пофалбата и признанието. Подобро е партнерот да се пофали кога ќе направи нешто добро, отколку да се критикува кога ќе направи нешто што не ви се допаѓа. Критиката не вродува со плод.

3. Нејасна комуникација

Немојте да очекувате партнерот да ви ги погодува желбите и потребите.

Комуникацијата во врската е најважната работа. Јасен и отворен разговор е неопходен за партнерите да знаат што сакаат, каде настанале проблемите и како да ги решат. Отворените разговори поврзуваат и создаваат поголема блискост. Проблеми секогаш ќе има, а нив најдобро ќе ги решите со разговор.

4. Делење на интимноста

Иако сте во врска, вие сепак сте две личности и секој треба да ја задржи својата приватност до некоја прифатлива мерка. Не морате да му ги откривате на партнерот сите детали ос своите поранешни врски. Тоа не се информации кои ќе помогнат за развој на вашата врска. Напротив, би можеле да влијаат негативно.

5. Занемарување

Секој бара внимание, затоа немојте да го знамарувате партнерот. Секој очекува да се чувствува посебно во врската. На пример, да се грижите за нив кога се болни, појадок во кревет…

6. Еден е одговорен во врската

Погрешно! Врската е заедница на двајца луѓе, така што секој има свој дел на одговорност за врската да успее. Значи, двајцата партнери се во игра.

7. Искористување на слабости

Квалитетите на партнерот треба да се пофалат, а за некои слабости треба да се има разбирање и почитување. Бидете човек и помогнете му на партенрот кога има проблеми. Ако нешто ви признае, на пример некој проблем на работа, тоа е зато што има доверба во вас. Немојте подоцна тоа да му го „качите на глава“, затоа што никогаш повеќе нема да ви се довери.