Идеални сојузници за нега на масната кожа

Негувањето на кожата на лицето зависи од нејзиниот тип. Најпроблематична е мрсната кожа. Таа е виновник за раширените пори, црнките и акните. Денес постојат илјадници продукти кои што помагаат во борбата со тие проблеми.

lice_nega_koza

Ако сте во потрага по добар продукт, кој може да ви помогне во негата на мрсната кожа, изберете продукт кој содржи:

Масло од чајно дрво

Години наназад маслото од чајно дрво се користи во медицината. Тоа е еден од најдобрите дарови на природата за нега на кожата. Се употребува во најголем број продукти наменети за лечење на акни. Маслото од чајно дрво го контролира лачењето на себум и со тоа го намалува непријатниот сјај, ги уништува бактериите и ја лечи кожата. Исто така корисно е и при убод од инсект, брадавици, плускавици и разни нафрлувања на кожата.

Масло од семки од грозје

Ова масло има хидратантно дејство. Се употребува најмногу како масло за масажа. Кремовите против стареење содржат маслото од семки од грозје. Маслото од семки од грозје ја затегнува кожата и поради тоа е важна состојка на продуктите за кожа, кои ѝ даваат мат изглед.

Цинк оксид

Овој природен минерал ја заштитува и лечи кожата. Тој има антибактериски и антивоспалителни својства и поради тоа е основна состојка во многу продукти за нега на мрсна кожа. Цинк оксидот го контролира лачењето на себум. Затоа, тој се среќава во многу пудри за лице.

Термална вода

Таа содржи магнезиум, калциум, железо, цинк и други специјални состојки и има неверојатно дејство во негата на кожата. Докажано е дека термалната вода има антивоспалително дејство и им помага на жените со чувствителна кожа. Употребата на термална вода воопшто не е нешто сложено. Напрскајте го лицето со вода и по неколку минути избришете го.