Кој тип на вел ви стои најдобро според обликот на лицето?

Сите идни невести веројатно сонуваат за долг вел од тул, па водејќи се по своите замисли и желби, често знаат да направат грешка. Не на сите облици на лицето им стои ист модел на вел.

hair-down-wedding-hairstyles-veil-5

Ако сте жена со лице во облик на дијамант или овален облик, не можете да направите грешка затоа што секој модел и секоја должина ви прилега. Исто така, лентите преку чело се добар избор за вас.

Сите кои имаат издолжен, но остар облик на лицето би требало да одберат вел со тијара или венче за коса. Фризурата во секој случај мора да биде подигната во висока пунџа.

Идните невести кои имаат лице во облик на срце или триаголник, мора да одберат модел кој го открива лицето. Пожелно е да има впечатливи цветни детали на темето.

Коцкасто или правоаголното лице треба да го „омекнете“. Велот би требало да биде долг и благо да го допира лицето. Ако не сте љубителки на долгите велови, тогаш одберете детали од тантела на него.

Жените со округло лице би требало внимателно да ја прилагодат косата според велот. Шишките се пожелни, додека велот може да варира – од венче кое покрива само половина од главата, па се до модели од мрежа спуштени преку очите.