Најсилна ерупција на Етна во последните две децении

Вулканот Етна, на Сицилија, в петокот еруптираше најсилно во последните дваесет години, а столбот од чад и гас висок 13 километри се издигнуваше на лавата, објави италијанскиот институт за геофизика и вулканологија INGV.

etna

Ерупциите на италијанскиот вулкан, кој со 3.350 метри е највисокиот во Европа, релативно се чести, но сегашнава, којашто започна во четвртокот, е особено впечатлива, се наведува во соопштението на INGV. Столбот со чад бил видлив од голема оддалеченост.

etna 1
Научниците се распоредени во тимови коишто 24 часа ќе ја следат активноста на вулканот која е во тек.

Најголемата регистрирана ерупција на Етна е онаа меѓу 1991 и 1992 година, која била најголемата во последните 360 години. Сегашната според интензитетот е слична но поголема на оние од 22-ри јули 1998 година и од 4-ти септември 1999 година.

etna 2

Најинтензивна активност на Етна има кратерот „Ворагине“ кој со водопадите лава исфрлил и еруптивен столб од магма, пепел и гас, висок првично седум а потоа во текот на денот се зголемил на 13 километри, кој ветерот го носи кон југ.

etna 3

Поради ерупцијата пореметено не функционирањето на аеродромите во Катанија, град во подножјето на вулканот, како и во Реџо Калабрија. Некои летови се пренасочени, а аеродромот во Катанија беше извесен период затворен во петокот поради чистење на пистата од пепелот.