Ослабете 7 килограми со портокал диета

Диетата трае 15 дена (три циклуси по 5 дена), а просечната загуба на тежината по завршувањето на диетата е околу седум килограми.

oranges

За време на диетата не е дозволено внесување на алкохолни пијлоци, намирниците мора да се земаат по пропишаниот ред, а можат да бидат топли или ладни, како што ви одговара вам.

Појадокот за сите денови е ист: 1 портокал (или половина грејпфрут или една чаша незасладена лимонада од половина лимон), 1 двопек и шолја чај или кафе без шеќер.

1 ден

Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, кисела павлака

Вечера: 2 домати (или домашна супа од домати), 2 варени јајца, ½ зелена салата (или 1 краставица).

2 ден

Ручек: 1 портокал, 1 јајце, 1 кисела павлака, 2 парчиња двопек

Вечера: 125 гр мелено јунешко месо, 1 домат, 1 портокал, 1 двопек, 1 шолја чај или кафе.

3 ден

Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, 1 кисела павлака, 1 главица зелена салата (или 2 краставици), напиток без шеќер

Вечера: 125 гр мелено месо, 1 портокал, 1 двопек, 1 шолја кафе или чај

4 ден

Ручек: 125 гр кравјо сирење, 1 домат (или 1 дл домашна супа од домати), 1 двопек

Вечера: 125 гр мелено месо, 2 домати, 1 јаболко, 1 двопек.

5 ден

Ручек: 200 гр варено месо или риба, 1 домат, 1 двопек

Вечера: ½ кг варен зеленчук (морков, грашок, компир), 1 јајце, 1 домат