Повик: „Ослободи ја идејата и преземи акција!“

Преку глава ти е од општествените проблеми? Мислиш дека е залудно што и да направиш? Си се обидел ли воопшто? Ослободи ја идејата и преземи акција!

cover

Младите можат ги повикува сите младите од Македонија да поттикнат општествена промена преку учество на натпреварот ОСЛОБОДИ ЈА ИДЕЈАТА.

Што треба да направиш?

  • Состави тим од 3 до 5 млади ентузијасти на возраст од 16 до 26 години;
  • Дискутирајте за предизвиците во заедницата кои ве засегаат вас;
  • Предложете решение;
  • Направете план преку кој ќе делувате при решавање на проблемот во однос на некоја од следниве области:
    • Образование и култура
    • Развој на граѓанско општество
    • Толеранција и недискриминација
    • Младински политики и граѓански права
    • Животна средина
    • Миграции
    • Вработување

Како да се пријавиш?

Преку пополнување на пријавата најдоцна до 20.03.2016, 23:59 часот.

Пријавата за учество можете да ја најдете на следниов линк.

По истекување на рокот за пријавување, 5те тима со најрелевантна, најиновативна и најизводлива идеја ќе продолжат во наредната фаза од проектот, при што ќе добијат поддршка за развој на идејата преку остварување менторски средби и консултации.

Во текот на месец април, на отворен настан, избраните 5 тима ќе имаат можност да ја презентираат својата идеја за иницијатива и да ја убедат публиката и жири-комисијата за потребата за решавање на проблемот и креативноста на понуденото решение. Притоа ќе се гласа за најдобрата идеја, водејќи сметка за:

  • Релевантност на идејата;
  • Иновативност на идејата;
  • Изводливост на идејата.

Победничкиот тим ќе добие поддршка од Младите можат за имплементирање на иницијативата и наградно патување за целиот тим.