Претседателот на Мексико, Енрике Пења Нието предмалку информираше дека ја откажува средбата со новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп.
Посетата беше доведена во прашање уште во текот на вчерашниот ден кога Трамп ја потпиша одлуката за изградба на ѕид на границата помеѓу САД и Мексико со што тој очекува да се намали бројот на нелегални минувања.
Претседателот Трамп изјави дека изградбата на ѕидот ќе ја плати Мексико, на што претседателот Нието се спротивстави, изјавувајќи дека таа одлука нема да помогне во односите помеѓу двете земји.
На одлуката за откажување на посетата претходеше твит на Трамп во која тој му порача на Нието или да се согласи на плаќањето на изградбата на ѕидот или, пак, да ја откаже посетата.
Во текот на утрешниот ден, прва гостинка на Трамп во Белата куќа ќе биде Британската премиерка, Тереза Меј.