Тиква диета: 6 кг помалку за 2 недели

Оваа диета трае две седмици, а за тоа време можете да ослабете 6 до 8 килограми. Оваа диета не само што ќе ви го реши проблемот со килограмите, туку и ќе ви го прочисти и подмлади телото.

tikva

Тиквата содржи протеини, масти, јаглехидрати, пектин и минерали (калиум, калциум, железо, цинк), витамини од групата Б, витамин Ц, Е, А, како и важните витамини К и Т, кои тешко се наоѓаат во останатите плодови.

Во оваа диета вклучени се и меѓуоброци, кои се состојат од незасладено овошје, чај или кафе без шеќер и минерална вода.

Прв ден

Појадок: Тиква со моркови и сок од лимон, каша од тиква со додаток овесни житарки или просо.
Ручек: Супа од зеленчук со тиква (пиперка, морков, кромид, мала количина на компир, зелен листест зеленчук и билно масло).
Вечера: Печена тиква.

Втор ден

Појадок: Салата од тиква, каша.
Ручек: Пасирана тиква и супа од зеленчук.
Вечера: Овошје по избор.

Трет ден

Појадок: Каша од тиква и салата од зеленчук.
Ручек: Супа од зеленчук (без компир).
Вечера: 2 парчиња двопек и салата од тиква со ананас.

Четврт ден

Појадок: Каша од тиква, салата од зеленчук.
Ручек: Супа од зеленчук и динстана слатка пиперка.
Вечера: Рагу (тиква, зеленчук и печурки).

Петти ден – Повторете го менито од почеток.