Значаен раст на приходите и нето добивката на Атлантик Група

Атлантик Група во 2015 година генерираше продажба на 711 милиони евра, што во споредба со претходната година, претставува зголемување од 5,6 проценти. Добивката пред камати и даноци (EBIT) изнесува 53 милиони евра и е намалена за 8,3 отсто, главно поради зголемувањето на цените на суровините и неповолните движења на девизниот курс, додека нето добивката по малцински интереси е во износ од 32 милиони евра, што пак претставува зголемување од 21,1 отсто во споредба со 2014 година.

Atlantic-grupa-big

Од важни бизнис настани во 2015 година се истакнува реорганизацијата на дистрибутивното работење соосновање на компании на пазарите во Германија и Австрија, што покажува извонреден фокус за понатамошно интернационализарање. Годината ја одбележаи продолженото зајакнување на дистрибуцијата во регионот. Исто така, започна со работа новата фабрика за енергетски барови и асортиман за спортска исхрана во Нова Градишка за само една неполна година од отпочнувањето на градежните зафати, во која инаку се инвестирани 13 милиони евра. Последната аквизиција на Атлантик Груп – Фудленд, успешно е интегриранасо брендот „Бакина тајна“ и денес е дел од новото бизнис подрачје Гурмет, а кон крај на годината Спајдер групата, кој е долгорочен договорен партнер во производство на чаеви под брендовите Цедевита и Нутравита, потпиша договор за купување на бизнис чаеви. Во 2016 година продолжуваат да се фокусираат на интернационализацијата и растот на постојните пазари, а особено внимание компанијата и понатаму посветува на одржување на ликвидноста и управување со финансиските обврски и ризици.

“И покрај предизвиците на макроекономската средина кај повеќето пазари, во 2015 година остваривме раст на продажбата и ја подобривме нето профитабилноста, а Атлантик Група според последното истражување на Euromoney беше прогласена за севкупно најдобро менаџирана компанија во Хрватска и најдобро водена компанија во секторот за храна и пијалаци во централна и источна Европа. Продолжуваме да го развиваме бизнис во регионот, а фокусот на нашиот иден развој е свртен кон развиените западни пазари, каде најголем потенцијал имаат нашите брендови: Аргета, Бакина тајна, Донат Мг, Цедевита и Мулитпауер”, коментира извршниот директор на Атлантик Група Емил Тедески.

Гледајќи во структурата на приходите од продажбата, севкупниот раст на Атлантик Група во 2015 година беше поткрепен со стратешката деловна единица Деликатесни намази со раст од 14,2 отсто, стратешка деловна единица Кафе со раст од 5,7 проценти, стратешка деловна единица Пијалоци со раст од 4,3 отсто и стратешко дистрибутивно подрачје Хрватска со раст од 11,1 отсто и стратешко дистрибутивно подрачје Србија со раст од 8,5 проценти. Кафето со 20,1 отсто удел од вкупната продажба се издвојува како најголемата категорија со 143 милиони евра приходи од продажбата.

Во однос на пазарите, најголем раст од 9,7% проценти се постигнати на српскиот пазар, која учествува во вкупните приходи со 23,2 отсто, по што следи хрватскиот пазар со пораст од 9,6%, која со уделот од 26,1 отсто го прави најголемиот пазар во Атлантик Група. Сопствените брендови на Атлантик Групата учествуваат во продажбата со 65,3 отсто, дистрибуцијата на главните брендови со 19,7 отсто, синџирот на медицински производи, Фармација со 6,2 отсто, а додека производите на Атлантик Група како сопствени брендови за големите деловни системи во земјата и во странство изнесува 8,7 процентиод вкупната продажба.