Зумба: Совршено обликувано тело и помалку килограми со ритамот на латино музиката

Од случајно откритие до светски познат режим на вежбање, зумба фитнес денес е најпопуларниот вид на рекреацција. Зумбата ги движи мускулите во телото, а додека танцувате се чувствувате како да сте на забава кај пријателите, па покрај затегнувањето на вашата фигура, овој вид на спорт ќе ви го подгине и расположението. Токму поради тоа зумбата е толку популарна, особено кај жените.

zumba

Зумбата всушност се нарекува и интервален тренинг, односно опфаѓа промена на наизменични ритами во рок од само пет минути како што се салса, хип-хоп, ча-ча, а дури и стомачен танц. Еден зумба час може да трае 30 минути, 45 минути или час. Најчесто се користи моделот кој трае еден час, а тука се комбинираат и останатите танци како што се тангото, калипсо, ламбада, твист и други.

Постојат десет видови зумба иако во Македонија сеуште најзастапен е класичниот тип на вежбање. Зумба тонинг – Комбинација од зумба со тегови; Зумба сентал – која се вежба со помош на столици; Аква зумба – зумба во вода; Зумба голд – за постари лица и зумба за деца.

Редовното тренирање е најважниот фактор за развој на посакуваните резултати, а генерално може да се каже дека четири до шест тренинзи доведува до промена. Промените ќе ги забележите веднаш после првиот тренинг. Ќе се чувствувате подобро бидејќи комбинацијата на ритамот ја пренесува позитивната енергија и сигурно ќе заборавите на сите проблеми додека танцувате.

Зумбата е наменета за сите, без оглед на полот и старосната година. За овој вид на вежбање не се потребни никакви предиспозиции бидејќи и оние кои немаат чувство за ритам, се вклопуваат после третиот или четвртиот тренинг. Ваквиот вид на вежбање во комбинација со латино танците делува на сите мускули на телото: ги зајакнува и обликува нозете, задникот, мускулатурата на стомакот, рацете, рамената, грбот и градите. Овој тип на вежбање може да помогне да согорите околу 450 калории за еден час, а со регулиран начин на исхрана можете мошне брзо да дојдете до посакуваната фигура.

Освен тоа што слабеете, учите и нови чекори кои претставуваат вистински предизвик. Затоа, оние кои еднаш ќе одат на час остануваат верни на овој вид на рекреација.

Фитнес клубот ФитОне ве очекува на своите добро познати локации! Дојдете заедно да се забавуваме, обликуваме и слабееме!

Logo-Fit-One-1