Анкара одбива да дозволи распоредување на мисијата на НАТО

Бродовите испратени во Егејското Море за да ги надгледуваат мигрантските патишта меѓу Турција и Грција сé уште не се распоредени во турските води, бидејќи не добиле дозвола од Анкара, изјавија во вторникот за Reuters добро известени извори.

Image

И покрај барањата да се одобри распоредување коешто го упатил германскиот командант на групата на НАТО во Егејското Море, откако минатата седмица беше усвоена одлуката за операцијата чиј дел и е Турција, Турците овој викенд одбиле да дадат дозвола бродовите на Алијансата да впловат во нивите територијални води, рекол за агенцијата неименуваниот соговорник. Овие изјави за Reuters ги потврдил уште еден дипломат.

„Мандатот на операцијата даден некои појаснувања, но не го објасни и проблемот на влегување во турските територијални води. Од самиот почеток се знаеше дека Турците се тешки, и дека ќе бидат тешки“, рекол изворот.

Турските власти побарале германскиот командант Јерг Клејн да дојде во Анкара за да се утврди зоната во којашто може да се распоредат бродовите на НАТО, рекол дипломатскиот извор.

Планот на мисијата на граничниот надзор, првата мисија на НАТО кој досега одбиваше да се вклучи директно во мигрантската криза, го претставија германската канцеларка Ангела Меркел и турскиот премиер Ахмет Давутоглу, по средбата во Анкара на 8-ми февруари.

Три дена подоцна, министрите за одбрана на земјите членки на НАТО дадоа одобрување за подготвување на операцијата и веднаш упатија флота во споменатата зона во Егејското