Бесплатна помош за децата со говорни проблеми

 

Здружението „Интеракција плус” од Скопје од 5-ти мај до 5-ти јуни 2016 година нуди бесплатна помош во рамките на кампањата под мотото „Да им помогнеме на децата со говорни проблеми”.

Image (7)

Еден месец, тим од логопеди и дефектолози секојдневно ќе вршат бесплатни прегледи на децата кои имаат говорни нарушувања, потешкотии и проблеми, но и консултации со нивните родители и закажувања на неопходните вежби и третмани.

Пристапот и третманот е исклучиво индивидуален, а целта е да се помогне на време на секое дете посебно и да има што е можно помал број деца со говорни проблеми.

Прегледите и третманите ги вршат дипломирани логопеди и дефектолози во Логопедско-дефектолошкиот центар „Интеракција плус”, кој се наоѓа во непосредна близина на Универзалната сала во Скопје.

За повеќе информации, закажувања и контакти граѓаните можат да се јавуваат кај дипломираниот логопед и дефектолог Ана Петреска, тел. (078)245484 и (071) 973362, како и на мејлот: na_petreska@live.com.

макфакс