БиХ очекува да стане кандидат за членство во ЕУ до почетокот на 2017-та

Реално е Босна и Херцеговина (БиХ) до почетокот на 2017-та година да добие статус на кандидат за членство во Европската унија (ЕУ), а со предавањето на барањето за членство во Унијата земјата ги отворила позитивните процеси за сите три народи кои живеат во БиХ, изјавил претседавачот со Претседателството на БиХ, Драган Човиќ по средбата со хрватскиот вицепремиер и лидер на ХДЗ, Томислав Карамарко во Загреб.

Image (10)

Човиќ и Карамарко разговарале и за актуелната политичка состојјба во БиХ и Хрватска, како и за идната блиска соработка која ќе се оствари помеѓу двете страни, пренесуваат босанските медиуми.

Карамарко нагласил дека ХДЗ и натаму дава целосна поддршка за европскиот пат на БиХ, како и на засилувањето на позицијата на хрватскиот народ, како еден од трите конститутивни народи во земјата.

макфакс