Витаминот Д од продуктите во бременоста ја намалува појавата на алергија кај децата

Консумирањето продукти богати со витаминот Д во текот на бременоста го намалува ризикот од појава на алергија кај децата за 25 отсто, покажа истражувањето спроведено од научниците од американската болница Маунт Синај во Њујорк, од кое резултатите се објавени во стручното списание Journal of Allergy and Clinical Immunology.

Image

Имајќи ја предвид „експлозијата“ од алергии како сосема малите деца евидентирана последните неколку години, ова истражување би требало идните мајки да ги поттикне во текот на бременоста да консумираат повеќе храна богата со витамин Д.

Американските специјалисти на трудниците им советуваат да го земаат витаминот Д од природните извори, како што се јајцата, млечните производи, сината риба, телешки дробови и од масло добиено од дроб на бакалар, наместо земање суплементи во капсули кои во споменатата студија се покажале неефикасни.

Претходното вакво истражување спроведено во австралискиот институт Murdoch Childrens Research покажа дека недостигот од витамин Д кај децата ја зголемува веројатноста од алергија на храна. Таа студија беше спроведена над 5.276 дева стари 12 месеци, а резултатите покажаа дека витаминот Д е значаен заштитен фактор од алергија на храна во првата година од животот.

Американските научници во текот на истражувањето следеле 1.248 мајки и нивните деца од првото тримесечје на бременоста на мајките до седмата година од животот на детето. Алергиските тестови биле спроведени во текот на бременоста, веднаш по раѓањето – на мајката и на новороденчето – и во моментот на тргнување на детето на училиште. Трудниците кои учествувале во студијата во периодот на бременоста пополнувале прашалник за продуктите коишто ги консумирале,

Истражувањето покажало дека децата на жените кои во бременоста консумирале поголеми количества храна богата со витамин Д, бидел за 20 отсто помалку подложни на развој на поленска треска, меѓутоа се покажало дека таа опасност не била помала кај трудниците кои витаминот Д го земале во форма на суплементи во капсули.

Позитивното дејство на витамин Д на астма и алергија научниците го објаснуваат со неговата способност да го модулира имунолошкиот систем. „Истражувањето коешто го спроведовме укажува на важноста на изворите на нутритивните состојки во исхраната на трудниците“, изјави педијатарот Сапунда Банјаванич од болницата во Њујорк, потсетувајќи де астмата е најчестата хронична болест кај децата.