Вратете го сјајот на вашето лице со маската од цимет

Доколку вашата кожа има потреба од чистење и ослободување од токсините и бактериите, за добивањето на здраво и сјајно лице нема потреба да ги посетувате козметичките салони.

maska_lice_cimet

 

Со оваа маска од цимет, сјајот на вашата кожа можете да го постигнете во удобноста на вашиот дом без притоа да потрошите голема сума пари.

Состојките кои ја сочинуваат оваа маска се лесно достапни и сите играат важна улога. Имено, со само една маска ќе се ослободите од неколку проблеми со кои се соочува вашето лице.

• Сода бикарбоната ќе допринесе за полесно отстранување на мртвите клетки.

• Медот, кој е богат со антиоксиданси и има антибактериско дејство, успешно ќе ја хидратизира вашата кожа.

• Витаминот Е во оваа маска ја врши функцијата на обновување и штитење на кожата.

• Циметот е оној кој ќе го направи лицето посвежо и е “виновник” за сјајот кој ќе се појави.

Состојки:

• 3 лажички сода бикарбона
• 1 лажичка мед
• 2-4 капсули витамин Е
• 3-4 лажички млеко (може и вода)
• 1/4 лажичка цимет

Подготовка:

Најпрво измешајте ги добро сите состојки во мала зделичка. Целата смеса, во дебел слој, нанесете ја на вашето лице. Нанесувањето направете го нежно, со кружни движења.

Оставете ја маската да делува 15 минути. За отстранување на маската исчистете го лицето со вода, но и понатаму со кружни движења, со цел да отстраните што поголем број на мртви клетки од вашето лице.