Жена на парискиот аеродром сокрила дете во торба

Една жена е приведена на парискиот аеродром Роаси откако со летот на „Air France“ пристигнала од Истанбул со четиригодишно девојченце сокриено во патна торба, соопшти аеродромската полиција во средата.

Image

Оваа млада жена, чиешто државјанство не е наведено и којашто има дозвола за престој во Франција, покренала постапката за посвојување девојченце од Хаити, според извор на AFP од аеродромот. Таа во Истанбул ја минала контролата со детето, но ѝ било забрането влегување во авионот, додал соговорникот на агенцијата.

Тогаш одлучила да го сокрие детето во патната торба и да тргне со друг лет, за кој дополнително купила билет. Кога влегла во авионот, ја ставила торбата до своите нозе и ја покрила со прекривка, но девојченцето морало да оди во тоалет, па патниците ја забележале.

Според официјалното соопштение на компанијата „Air France“ едно „возрасно лице патуваше со дете сокриено во торба, па компанијата по слетувањето на авионот бараше доаѓање на претставник на властите“.

Младата жена и девојченцето во средата сé уште биле во просториите на аеродромот Роаси додека трае истрагата.

макфакс