Врсник осомничен за прободувањето на момчето, одреден му е притвор

Врсник е осомничен за прободувањето на деветнаесетгодишното момче кое им подлегна на повредите во неделата вечерта.

Image

Деветнаесетгодишниот А.А. во понеделникот вечерта бил спроведен во Основниот суд Скопје 1, а судија на претходна постапка по разгледување и ценење на фактите и доказите приложени  во предлогот на обвинителството, му определил триесетдневен притвор.

Осомничениот се товари за кривично дело тешка телесна повреда со смртни последици.

Инцидентот се случи во неделата вечерта во скопската населба Чаир, по банална расправија меѓу две групи момчиња.

Осомничениот со нож прободел две момчиња, едното момче имало расеченица на увото, додека деветнаесетгодишниот Леарт Адеми бил прободен со нож во градите.

Децата биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, но едното од нив им подлегнало на повредите. Убиеното момче е син на спортски новинар во албанската редакција во Македонската радио телевизија.