Германските научници истражуваат генетско лекување на заразата со ХИВ

Германските научници објавија дека успешно во  лабораториски услови тестирале генетско лекување за вирусот којшто ја предизвикува СИДА-та, за што резултатите ги објавија во научното списание Nature Biotechnology.

Image

Научниците развиле своевидни ножички кои на ниво на клетките може да исече генетски материјал од вирусот на ХИВ во заразените клетки на пациентот.

„Истражувањето е ветувачко. И ако истражувањето биде успешно, тоа не значи дека пациентите повеќе нема да имаат ХИВ“, вели за агенцијата DPA Армин Шафбергер од германската

Тимот, предводен од Јоаким Хаубер од институтот „Хајнрих Пет“ во Хамбург и Франк Букхолц од дрезденскиот Технолошки институт, и истакнува дека клучна пречка во следната фаза од истражувањето кај човекот претставува тоа што кај генетските интервенции постои ризик од појава на рак во среднорочен или долгорочен период.

„Станува збор за базично истражување, тестирано е во претклиничка фаза со најдобрите методи коишто стојат на располагање“, вели професорот Борис Феше од универзитетската болница во Хамбург кој не учествувал во истражувањето. Истакнува дека клетките CD-4 на човечкиот имуно систем, користени во истражувањето, се главната цела на ХИВ-от, но не се и единствените кои тој вирус ги напаѓа.

Се проценува дека доколку сите резултати од новите тестови бидат добри, испитувањата на луѓето може да траат меѓу пет и десет години.