Двајца од оригиналната постава на Jefferson Airplane починаа на ист ден

Пол Кантнер, гитарист и еден од основачите на американскиот психоделичен бенд Jefferson Airplane, почина на 28-ми јануари во 74-та година од животот, а на ист ден и на иста возраст почина и оригиналната пејачка на оваа група Сигни Толи Андерсон, пренесува Ultimate Classic Rock Magazine.

Image

Кантнер почина од повеќекратно откажување на органите и септички шок, додека Андерсон патеше со години од низа здравствени проблеми. Неодамна беше сместена во дом каде што ѝ беше пружена палијативна нега, а точната причина за смртта е непозната.

Кантнер започнал да се занимава со музика во своите тинејџерски години. Во летото 1965 година се запознал со пејачот Марти Балин, кој го повикал заедно да основаат група и така настанала Jefferson Airplane.

Нивниот албум со наслов „Surrealistic Pillow“ со новата постава која ја сочинуваа гитаристот Џорма Кауконен, басистот Џек Кесиди, тапанарот Спенсер Дриден и пејачката Грејс Слик беше еден од првите албуми во психоделичен жанр. Од него познати се хитовите „Somebody to Love“ и „White Rabbit“.

Групата се распадна во 1970 година, а еден од албумите кои се паметат од тој период е „Blows Against the Empire“ кој го снимија Пол Кантнер и Jefferson Starship. Во текот на 1970-те поставата на Jefferson Starship ја сочинуваа Кантнер, Слик и Балин, а ги снимија хитовите како „Miracles“, „Count on Me“ и „Jane“, но во 1978 година повторно се раскараа и си заминаа Слик и Балин.

До 1984 година Кантнер свиреше со Jefferson Starship потоа само со Starship, а во 1992 година повторно со Jefferson Starship. Заедно со остатокот од оригиналната постава од Jefferson Airplane, Кантнер во 1996 година влезе во Рокенрол куќат на славните.

Андерсон им се приклучи на Jefferson Airplane кусо по основањето во 1965 година, и пееше на нивниот дебитантски албум „Jefferson Airplane Takes Off“. Отпеа само неколку песни, меѓу кои се „Let’s Get Together“ и „Chauffeur Blues“. Во јули 1966 година одлучи дека повеќе не сака да биде во група, остана бремена и сметаше дека таквото опкружување не е добро за воспитување дете. Во бендот ја земени Грејс Слик.

Последниот настап со бендот го имаше во салата „Fillmore“ во Сан Франциско во октомври 1966 година, а снимката од тој концерт ја издаде „Sony Music“ во 2010 година.

Андерсон потоа се сели во сојузната држава Орегон, каде што пееше во бендот на Карл Смит – The Natural Gas Company. Во 1970-те го победи ракот, но големите здравствени проблеми продолжија и во текот на деведесеттите од минатиот век.

Соосновачот на Jefferson Airplane, Мартин Балин, на својот профил на Facebook викендов напиша дека почина „една слатка дама“. „Замислувам дека таа и Пол се разбудиле во рајот и се запрашале еден другиот што прават таму, а потоа одлучиле да направат бенд“, додаде.

Од Пол се проштева со зборовите дека е првиот тип кој го научил „како да свитка џоинт“. „Иако сакаше да си игра адвокат на ѓаволот, убеден сум дека досега заслужи крилја“, напиша Балин.