Де Бруин паузира еден месец поради повреда на мускулот

Англискиот премиерлигаш Манчестер сити остана без еден од своите најдобри фудбалери, Кевин де Бруин, во наредните триесетина дена. Тој заработи истегнување на бутниот мускул на саботниот меч од Премиер – лигата против Свонси и беше заменет во 81.минута, а лекарските прегледи покажаа дека повредата воопшто не е сериозна.

de-bruin-2-615x400

Според ова, Де Бруин нема да може да настапи за Манчестер сити на дуелите против Селтик в среда во ЛШ, како и против Тотенхем и против Евертон во Премиер – лигата, а неизвесен ќе биде и за патувањето на „Камп Ноу“ и соочувањето со Барселона во елитното европско клупско натпреварување.

Де Бруин нема да може да биде дел и од репрезентацијата на Белгија на претстојните квалификациски натпревари против Босна и Хецеговина и против Гибралтар.

ekipa.mk