ЕВРО2016: Кираљи влезе во историјата

Голманот на унгарската фудбалска репрезентација Габор Кираљи влезе во историјата како највозрасниот играч кон настапил на европско првенство.

Image (3)

Габор Кираљи во средата на го започна натпреварот против Австрија со 40 години и 44 дена, станувајќи првиот 40-годишник во историјата на европските фудбалски шампионати.

Досега рекордот му припаѓаше на Германецот Лотар Матеус кој имаше 39 години и 91 ден кога заигра против Португалија на првенството во 2000 година. Германија тој меч го загуби со 0-3 и испадна веќе во првата фаза од турнирот заземајќи го последното место во групата зад Португалија, Романија и Англија. Тоа беше 150-от и последен настап на Матеус во националниот тим.

Највозрасен играч кој освоил титула европски шампион е Холанѓанецот Арнол Мухрен кој имаше 37 години и 23 дена кога во 1988 година го освои насловот првак на Европа. Холандија во финалето тогаш го совлада тогашниот СССР со 2-0, а Мухрен му асистираше на вонсерискиот Ван Бастен за вториот гол, незаборавниот брилијантен волеј од речиси „мртов“ агол кој е еден од најубавите погодоци во историјата на европските првенства.

Најстариот играч кој постигнал погодок на некое европско првенство е хрватскиот фудбалер кој играше за Австрија, Ивица Вастич. Тој со 38 години и 257 дена постигна погодок на турнирот во 2008 година во мечот Австрија – Полска кој заврши со резултат 1-1.

Рекордот како најстар стрелец на погодок на светските првенства, пак, го држи Камерунецот Рожер Мила кој на мундијалот во 1994 година постигна гол со 42 години.

макфакс