Потврден првиот случај на заразен со вирусот Зика во Кина

Кина во среда го потврди првиот случај на вирусот Зика кај маж што неодамна патувал во Јужна Америка, извести новинската агенција Синхуа.

Image
Вирусот што предизвика глобална тревога откако се прошири во повеќето земји на Јужна и Централна Америка, е откриен кај 34 годишен маж од округот Ганксиан, во источната покраина Јинагси.

Кинеските здравствени власти ја намалуваат опасноста од ширењето на вирусот заради зимските студови.

Заразениот е ставен во карантин во болница во неговиот роден град на 6 февруари, а Синхуа додава дека температурата му се нормализирала и дека осипот му е помалку видлив.

Вирусот Зика брзо се прошири во Јужна и Средна Америка, како и на Карибите, а најпогодена земја е Бразил.

Заразениот Кинез патувал во Венецуела.