Нафтата над 50 долари, пазарот нервозен во очекување на британскиот референдум

 

Цените на нафтата се стабилизираа во вторникот на меѓународните пазари над нивото од 50 долари за барел во нервозното тргување во исчекувањето на исходот од британскиот референдум за членството во Европската унија, а тег претставуваше и договорот во Нигерија кој би требало да резултира со зголемено снабдување.

Image (8)

На лондонскиот пазар цената на барелот падна за 60 центи во однос на затворањето на тргувањето во понеделникот и изнесуваше 50,05 долари. Во ист износ е намалена и цената на американскиот пазар, лизнувајќи се на 48,77 долари. Во понеделникот цените го заклучија тргувањето во Лондон во плус од 1,48 долари, односно од 1,39 долари во САД.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави дека референтната цена на барел од кошничката нејзина нафта во понеделникот изнесувала 46,24 долари, односно пораснала за 2,06 долари во однос на претходниот трговски ден.

Пазарите беа охрабрени во понеделникот од анкетите коишто покажаа предност на поборниците на британското останување во ЕУ, иако двете страни и натаму главно се изедначени. Дополнителна поддршка даде и скокот на цените на бензините на почетокот од сезоната на летните патувања во САД.

Меѓутоа, во вторникот на пазарите повторно преовладуваше нервозата, како се наближува датумот на одржувањето на референдумот – 23-ти јуни, односно четврток.

„Во моментов довербата во поглед на референдумот веројатно е претерана, имајќи предвид дека изминатите денови покажаа дека расположението се менува го од, Во таквите околности денешниот пад на цените има смисла“, се наведува во белешката за клиентите на „Commerzbank“.

Тег претставуваа и извештаите на нигериските медиуми дека тамошната влада потпишала 30-дневен преки на огнот со милитантите, чиишто напади го загрозуваа извозот на нафтата. Договорот, за кој пишуваат медиуми, не го потврди веднаш и државната компанија NNPC.

Овие написи, како што вели аналитичарот на „Commerzbank“, Карстен Фритш, дадоа „дополнителни аргументи во прилог на пониските цени“. Предупредува, сепак, дека опасноста од нови напади не е во целост отстранета.