Еден година затвор за возачот на камионот кој прегази девојче, и двајцата поминале на зелено

Возачот на камионот Раде В. кој во октомври минатата година со камион прегази дванаесетгодишно девојче помеѓу скопските населби Хром и Влае, е осуден на ена година затвор и му е изречена забрана од една година за управување со моторно возило.
Image

Вештачењето покажало дека и возачот и девојчето поминале на зелено светло, но при вртењето на камионот настанал мртов агол од кој Раде В., поради висината на камионот, не можел да го види девојчето, кое почнало да го преминува пешачкиот премин. Но бидејќи возачот во исказот кажал дека пред семафорот го видел девојчето дека стои на тротоар и поради тоа, како што рече судијата, требал со максимална внимателност да го продолжи движењето.

При носење на пресудата, Судот предвид ги зел олеснителните околности како што се: признавањето вина од страна на обвинетиот, искреното жалење и каење, неговата тешка материјална, здравствена состојба и тоа што никогаш не бил осудуван.

Во својот емотивен исказ пред Судот обвинетиот изрази сочувство до семејството и побара прошка. „Верувајте ми чесен судија, никогаш во животот не сум помислил да повредам некого, тоа ангелче требаше да преживее. До гроб ќе го носам ова со себе. Не успеав да ја видам, не знам како и зошто се случи. Секогаш сум бил максимално внимателен во сообраќајот и никогаш не сум направил сообраќајка“, рече обвинетиот.

Во појаснувањето на пресудата, Судот рече дека вештачењето покажало дека и возачот и девојчето поминале на зелено светло, но при вртењето на камионот настанал мртов агол од кој Раде В., поради висината на камионот, не можел да го види девојчето, кое почнало да го преминува пешачкиот премин. Но Раде В. во исказот кажал дека пред семафорот го видел девојчето дека стои на тротоар и поради тоа, како што рече судијата, требал со максимална внимателност да го продолжи движењето.

Нему му се судеше за кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот за кое според законот е предвидена затворска казна од една до пет години.