Исчезнале три малолетнички

Во три одделни случаи, родители пријавиле дека исчезнале нивните малолетни ќерки, и тоа една во Штип, една во Драчево и една во Кичево.

Image

Имено, во вторникот, во 20 часот во полициската станица во Штип  Н.В. (42) од Штип пријавил  дека на 25.03.2016 година околу 19.00 часот во непознат правец се оддалечила неговата седумнаесетгодишна ќерка.

Мајка од Скопје, пак, во 19 часот во полициската станица во Драчево  Е.С. (40) од Скопје пријавила дека на 8.03.2016 година од дома во непознат  правец се одалечила нејзината седумнаесетгодишна ќерка.

Исто така, во вторникот, во 16.30 час во полициската станица во Кичево Ј.Б. (43) од село Другово, кичевско, пријавила дека дента нејзината тринаесетгодишна ќерка не се вратила дома од училиште. Во 12.40 часот девојчето излегло од училиште и заминало во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.