Италијанска фудбалска лекција за Белгија

Во натпреварот од првото коло на Групата Е на европското фудбалско првенство во Франција, италијанските репрезентативци во понеделникот во Лион им одржаа вистински фудбалски урок на белгиските противници, совладувајќи ги со 2-0, со головите на Емануеле Џакерини во 32 и на Грацијано Пеле во втората минута од судиското продолжување.

Image (5)

Селекцијата играчи што ја направи Антонио Конте со голема скепса беше испратена од Апенините, дури и со навреди дека ѝ недостига талент. Од друга страна, Белгија којашто долг период е на челните позиции од ранг листата на светска фудбалска асоцијација УЕФА, никогаш во својата историја немала толку талентирана генерација, предводена од вонсерискиот Еден Азар.

Сепак, во понеделникот вечерта Италијанците со доследно спроведената тактика едноставно ги обезоружија Белгијците. По привидната иницијатива на Белгија, италијанскиот бек Леонардо Бонучи со долга топка низ воздухот зад грбот на белгиската одбрана, благодарејќи и на невнимателноста на Алдевејрелде, го пронајде нискиот Емануеле Џакерини кој перфектно ја спушти топката пред себе и рутински пласираше крај Тибо Куртоа. Само четири минути подоцна по изведениот удар од аголот, Грациајано Пеле шутираше со глава од пет/шест метри, но само покрај белгискиот гол, а претходно одличниот удар на Кандрева го одбрани Куртоа.

Белгија во првото полувреме имаше една шанса, и тоа во 10 минута, кога Наинголан шутираше силно од околу 20 метри, но ветеранот Џиџи Буфон. Но белгиските фудбалери веќе на почетокот од 53 минута ја изведоа можеби единствената осмислена акција, кога Де Брујне го проигра Лукаку, кој излезе сам пред италијанскиот голман, но неговото лобување беше непрецизно. Тоа водено беше и најдобрата шанса што во текот на целиот меч го имаше белгиската репрезентација.

Италијанците во финишот од натпреварот ја имаа шансата да го решат победникот, кога во 84 минута во контра тргна Чиро Имобиле, кој десет минути претходно влезе во игра, силно и прецизно шутираше од врвот на шеснаесетникот, но Куртоа уште еднаш бравурозно интервенираше. Сепак, следниот италијански противнапад, во втората минута од судиското продолжување, Пеле со волеј го потврди победникот.

Во првиот меч од оваа група Ирска и Шведска одиграа без победник 1-1, а двата погодока ги постигнаа Ирците.

макфакс