Каков секс сакаат мажите во триесеттите

Мажите се прилично среќни се додека имаат секс. Доволно е да бидете голи и расположени. Анкетата на магазинот „Cosmopolitan“ покажала дека начинот на секс кој го посакуваат се менува како што преоѓаат од дваесеттите во триесеттите години од нивниот живот. Младите мажи најчесто се возбудени само затоа што воопшто имаат секс. Кога ќе влезат во триесеттите, за нив повеќе нема некои поголеми изненадувања, па бараат и подлабока поврзаност и разни начини за борба против сексуалната здодевност. Затоа мажите со годините стануваат се по отворени и расположени за експериментирање.

domination-sexual-fantasies

Вие сте битни

Поголемиот дел од момците во раните дваесети одговориле дека нема подобар начин од оралниот за постигнување на сексуално возбудување. А мажите во распон од 30-та до 35-та година признале дека оралниот секс кој тие ви го пружаат вам е најдобриот начин за постигнување на ерекција. Зрелите мажи изгледа разбираат дека задоволството е поинтензивно кога двајцата го доживувате, сфакајќи дека жената нема да доживее оргазам само со помош на пенетрација.

Ги делат искуствата

Дури 81 процент од испитаниците кои имаат над 30 години изјавиле дека ги возбудува гледањето на порнографија во друштво на својата партнерка додека процентот кај оние во дваесеттите години е значително помал 51 процент. Експертите велат дека тоа е веројатно затоа што помладите повеќе се загрижени за тоа дека ќе бидат погрешно сфатени ако им предложат заедничко гледање на порно филмови. Кога мажот ќе прејде во триесеттите, тој е доволно сигурен во поглед на своите желби, па со задоволство ќе ги подели со вас, често и како начин за одржување на жештината во долгите и сериозни врски.