Стартува ЕП во ракомет, Македонија на стартот против Франција

Полска од 15. до 31.јануари ќе биде домаќин на 12-то Европско првенство (ЕП) во ракомет за мажи. Дел од континеталното првенство ќе биде и македонската репрезентација, за која ова ќе биде четвртото учество, трето последовно, на ЕП-а (1998, 2012, 2014).

Image

На ЕП учествуваат 16 репрезентации кои се поделени во четири групи, а по три од секоја група ќе минат во наредната фаза. Натпреварите во Полска ќе се играат во четири града: Краков, Гдањс, Каровице и Вроцлав.www

Најголем капацитет има Таурон арена во Краков (15.328 седишта), каде натпреварите од првата фаза ќе ги игра македонската репрезентација. Противници на Македонија, во А групата, ќе бидат репрезентациите на Полска, Франција и Србија.

Првиот натпревар Македонија ќе го одигра во петок (18 часот) против актуелниот европски, светски и олимписки шампион Франција.

Македонија против Франција ќе игра без Филип Лазаров, кој сеуште не и доволно здрав по повредата на препоната. За разлика од селекторот на Македонија, Ивица Обрван, кој немаше дилеми околу составот, неговиот колега Клод Онеста, во текот на подготвителниот период се соочи со големи проблеми и речиси остана без половина тим.

Поради повреди во Полска ги нема Нјокас, Акамбре, Гребиј, Бараше и Н’Гесан, додека долгогодишниот капитен Жером Фернандез замина во пензија.

Франција предводена од браќата Карабатиќ, Нарсис, Омејер и Сораиндо ја има фаворитската улога но Лазаров и остатокот од тимот немаат намера да истакнат бело знаме, иако во сите анализи стои дека мечот против Србија, во последното коло, ќе решава околу пласманот во наредната рунда.

Македонија по мечот со Франција ќе игра против Полска (17.јануари 20:30 часот) и против Србија (19.јануари 18:15 часот).

Покрај дуелот Македонија-Франција, во петок ќе се одигра и мечот Полска-Србија во А групата и дуелите во Б групата Хрватска-Белорусија и Исланд-Норвешка.

Натпреварите во групите Ц и Д ќе започнат в сабота, во првото коло ќе играат Шпанија-Германија и Шведска-Словенија (Ц група) и Унгарија-Црна Гора и Данска-Русија (Д група).