Камион прегази пешак во Скопје, верижен судир кај „Скопјанка“

Пешак загина во сообраќајна несреќа што се случи во понеделникот попладне на улицата „11 Октомври“ и булеварот „Кочо Рацин“ во центарот на Скопје.

Image

Камион ТАМ со скопски регистарски таблички управувано прегазил пешак, граѓанин на Скопје.

Пешакот со возило на Брза помош бил пренесен во Ургентен центар каде и покрај укажаната помош по извесно време им подлегнал на повредите, известуваат од полицијата.

Синоќа пак три возила, „сеат ибица“, „цитроен берлинго“ и такси возило „мерцедес“ се забиле едно во друго на булеварот „Кузман Јосифовски – Питу“ во скопската населба Аеродром, кај автобуската постојка во близина на трговскиот центар „Скопјанка“.

Во сообраќајкатанема загинати повредени се неколку лица, и направена е материјална штета.