Картер: САД го поддржуваат Ирак во тешката битка што следува

Вашингтон, 17 октомври, 2016 – 10:25 (META) 

120105-D-BW835-

Министерот за одбрана на САД, Еш Картер, вели дека неговата земја и остатокот од меѓународната коалиција предводена од американската војска се подготвени да го поддржат Ирак во „тешката битка што следува“.

Изјавата на Картер доаѓа откако Багдад најави офанзива за повторно заземање на Мосул од рацете на Исламска држава.

– Ова е одличен момент во кампањата што треба да ѝ нанесе траен пораз на ИД. Ние сме уверени дека нашите ирачки партнери ќе победат во борбата против заедничкиот непријател и дека ќе го ослободат Мосул од ИД – рече Картер.