Рачно насликано знаме на Исламска држава било најдено во соба на авганистанскиот мигрант што со секира ги нападна патниците во возот кој сообраќаше на релација Тројхлинген – Вирцбург, во Германија.
Авганистанецот бил на 17-годишна возраст и во нападот потешко повредил четири лица. Полицијата го усмртила додека се обидувал да побегне. За време на нападот тој извикувал „Господ е голем“.
Баварскиот министер за внатрешни работи, Јоаким Херман, изјавил дека е рано да се зборува за мотивите на напаѓачот, како и за тоа дали бил член на Исламска држава или бил саморадикализиран.
Тој додал дека тројца од патниците биле во критична состојба.
Вирцбург, 19 јули, 2016 – 10:03 (META)