Кривична пријава за скопјанец кој до смрт претепа врсник пред „Мистик“

Полицијата го идентификуваше и му поднесе кривична пријава за тешка телесна повреда на триесет годишен скопјанец за нападот што се случи во саботата пред ноќниот клуб „Мистик“, во којашто беше повредено едно момче кое потоа почина.
Image (2)

Двајцата започнале да се расправаат при што С.Р го нападнал С.Б. удирајќи го со тупаници по телото и главата.

Момчето паднало на бетонскиот дел во бесознание и се здобил со тешка телесна повреда во вид на фрактура во пределот на главата.

По три дена почина на Клиника за Неврохирургија при КЦ „Мајка Тереза“- Скопје.

макфакс