Кривичниот совет побара да бидат доставени пасошите на Верушевски и Лазаревски

Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 – Скопје побара од во неделата Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева да ги достави патните исправи на Зоран Верушевски и Ѓорги Лазаревски, за да може да одлучува по однос на предлозите за укинување или замена на мерката притвор за двајцата информираа во неделата од скопскиот кривичен суд.

Image
Специјалното јавно обвинителство кое го презеде случајот „Пуч“, на барање на одбраната предложило првообвинетиот во овој случај, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразунавање, Зоран Верушевски и обвинетиот Ѓорѓи Лазаревски да се бранат од слобода со мерки за обезбедување.

Овој предлог ќе биде доставен до Кривичен совет за натамошно надлежно одлучување и доколку биде прифатен Верушевски и Лазаревски ќе излезат од притвор, потврдија во петокот од Крвичниот суд за Макфакс.

Во неделата, пак, Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 – Скопје соопшти дека „Откако специјалната обвинителка Катица Јанева по предлогот за укинување или замена на мерката притвор, со понудената гаранција поднесен од страна на обвинетите Зоран Верушевски и Ѓорги Лазаревски преку нивните бранители, достави мислење со предлог за укинување, најпрво на точка 2 од чл. 165 ст.1 од ЗКП, односно влијание на сведоци, бидејќи по тој основ не може да се прифати гаранција.

Од Кривичниот суд претходно обрложија дека Специјалното обвинителство предложило да биде укинат притворот за Верушевски и Лазаревски со понудена гаранција и да се определат мерки за обезбедување, одземање на патната исправа и забрана за напуштање на живеалиштето, мерка што не е иста со куќниот притвор. Во допис до медиумите. Специјалното тогаш обвинителство потврди дека го прифатиле барањето на одбраната, на обвинетите да им биде укинат притворот.

Воедно со предлогот на специјалната обвинителка поднесен до Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 – Скопје било побарано советот да ја укине оваа точка со образложение дека единствениот сведок бил и сослушан и немало основ за влијание врз него, па откако ќе се укине оваа точка од решението да се укинат и другите основи од чл. 165 ст.1 точка 1 и 2 и да се прифати понудената гаранција од обвинетите.

Покрај ова, во предлогот стои да се определат превентивни мерки, забрана на напуштање на живеалиште и да се одземе патна исправа, точно наведена со број и датум на важност.

„Кривичниот совет постапувајќи по предлозите на обвинетите во кои не е наведена ниту предложено одземање на патна исправа, како и по даденото мислење на специјалната обвинителка во кое се наведуваат точни податоци за правни исправи со датуми на важност кои се наведува да бидат одземени, но со оглед на тоа што обвинителката не го известила Кривичниот совет како ги добила овие податоци, ниту, пак, ги доставила патните исправи за коишто предлага да се одземат, Кривичниот совет се обрати до неа за да ги достави наведените патни исправи како би можел да одлучи по однос на предлозите и доставеното мислење“, наведуваат од Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

Во случајот „Пуч“ четвртообвинет е и лидерот на опизицијата, Зоран Заев. Првообвинет во случајот е Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња Верушевска, Ѓорѓи Лазаревски вработен во МВР и Бранко Палифров, функционер од Општина Струмица.

По објавувањето на `бомбите` од страна на опозицијата, прислушувани разговори на високи функционери, тие беа обвинети за „шпионажа“ и „насилство спрема државни функционери“.

По пет одложени рочиште Заев се појави за прв пат во судот на рочиштето во понеделникот, откако случајот го презеде Специјалното обвинителство, но судењето беше одложено на барање на новото обвинителство, на кое му било потребно време да ги разгледа доказите.