Обвинетите од случајот „Дива населба“ не се чувствуваат виновни

Сите 29 обвинети за настаните од ланскиот мај во кумановската Дива населба се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делата кои им се ставаат на товар – тероризам и учество во терористичка организација.

Image

Двајца од обвинетите, Сами Укшини и Генци Сефа рекоа дека не се чувствуваат виновни, не негираа дека биле дел од настаните. Трет обвинет пак рече дека бил во Куманово само на 9 мај и дека со обвинението сака да се прикрие вистината.

Укшини кој првични рече дека делумно ја признава вината, по консултациите со својата одбрана и откако судијката му објасни дека треба да се изјасни само за делата коишто му се ставаат на товар изјави дека не се чувствува виновен за кривичните дела од обвинението.

„За тие дела не сум чувствувам виновен, но не дека не се чувствувам виновен за тоа што сум бил на тоа место“, рече Сами Укшини.

Генци Сефа, пак, изјави дека не негира оти е припадник во организирана група, но не се чувствува виновен за кривичните дела. Неговиот адвокат притоа појасни дека не негира дека бил дел од настаните.

Сите останати обвинети се изјаснија дека се чувствуваат невини. Дел од нив коментираа дека не се терористи, и оти се „обвинети за тероризам бидејќи се Албанци“. Некои негираа и дека некогаш биле во Куманово или во Гошинце.

Во моментов воведен збор даваат адвокатите на обвинетите. Адвокатот Шазивари Исени кој застапува повеќе од обвинетите рече дека обвинението нема никакви докази, ниту правна основа за обвинување за тероризам и терористичка организација.

Најголем дел од обвинетите се косовски државјани, другите се од Куманово и кумановско и скопските села, а има и иден Албанец со германско државјанство. Повеќето завршиле средно образование, но меѓу обвинеите има и високо образовани, информатичари, фотографи, новинари, вработен во МВР. а еден од обвинетите завршил воена академија во Тирана и криминалистика во Приштина.

Од водачите групата на обвинетилената клупа седнаа Сами Укшими, командант Соколи и Мухамед Красниќи, командант Малишева, додека другите двајца водачи Бег Ризај и Мирсад Ндрецај, официјално, загинаа во борбите.

Во јавноста се појавија информации дека разузнавачи од македонските тајни служби биле вмешани во договарање на инцидентите во Куманово, а се објавија и разговори меѓу Ндрецај и агент од македонските тајни служби.

Еден од роднините на обвинетите пред почетокот на судењето даваше изјава за медиумите на албаснки јазик, но не сакаше да зборува ниту на македонски, ниту на српски, велејќи дека не ги знае овие јазици.

Неофицијално во изјавата рекол дека обвинетите дошле да војуваат во Македонија за идеали, но биле измамени од вршхушката на Македонија и на Косово.