Огбона го елиминира Ливерпул од ФА купот

Фудбалерите на Вест Хем го елиминираа Ливерпул во третото коло, во ФА купот. Во повоторениот меч од оваа рунда Вест Хем славеше по продолжението и тоа со голот на Огбона во 121.минута.

Image

Вест Хем и Ливерпул имаа свои добри и лоши моменти во повотрениот меч во ФА купот. Домаќинот доминираше во првото полувреме и тоа го материјализира во финишот на полувремето кога гол постигна Антонио.

Веднаш на стартот на второто полувреме Ливерпул израмни преку Кутињо, кој погоди од слободен удар.

До крајот на регуларниот дел Бентеке не реализира добра шанса за Ливерпул, а домаќинот не доби пенал по стартот врз Валенсија.

Продолженијата целосно му припаднаа на Ливерпул, чии фудбалери создадоа неколку добри шанси, а најдобрата ја пропушти Бентеке, кога во ситуација ’еден на еден’ биеше во домашниот голман.

И кога сите на стадионот ги очекуваа пеналите, Паје изведе слободен удар, а Огбона со глава го совлада Мињоле.

Во наредното коло Вест Хем, на 21.февруари, ќе гостува кај Блекбурн.