Под знак прашалник мечот Белгија-Португалија

Фудбалскиот сојуз на Белгија го откажа планираниот тренинг на националниот тим поради терористичките напади во Брисел. Најдобрите белгиски фудбалери се подготвуваат за пријателскиот натпревар со Португалија, кој е закажан за 29.март во Брисел.

Image

Белгиската престолнина, Брисел е блокирана поради терористичките напади, во кои според информациите загинале 34, а повредени се 130 лица. Белгијците го откажаа тренингот на националниот тим, а најверојатно ќе го откажат и пријателскиот натпревар со Португалија, кој е закажан за 29.март.

Кога во ноември се случи нападот во Париз, Белгија од безбедносни причини го откажа натпреварот со Шпанија.

Воедно, најдобрите белгиски фудбалери, како Тибо Курота, Аксел Витсел, Јан Вертонген, Насер Чадли, Тоби Алдервеирелд преку социјалните мрежи изразија сочуство до семејствата на загинатите.