Почина Џорџ Мартин, легендарниот продуцент на Битлси

Легендарниот музички продуцент Џорџ Мартин, кој ги обликуваше Битлси и ги претвори во најпопуларниот и најважниот бенд на светот, почина во 90-сеттата година од животот, објави Ринго Стар.

Image
„Бог да го благослови Џорџ Мартин“, објави поранешниот тапанар на Битлси на својот Твитер профил, проследено со фотографија на славната ливерпулска четворка и нивниот продуцент.

„Ти благодарам за сета љубов и добрина, Џорџ“, допиша Стар.

Мартин често беше нарекуван и „петти Битлс“ бидејќи беше продуцент, соработник и ментор на Џон Ленон, Пол Макартни, Џорџ Харисон и Ринго Стар.