Премиера на документарецот ‘Streif – One Hell of a Ride’

Во вторник, е единствената проекција и премиерното прикажување на документарниот филм „Штрајф – Едно пеколно возење” во Македонија, кое ќе се одржи во киното Фросина, МКЦ, со почеток од 20 часот.

Image

„Ако се сомневаш во себе дури и малку, спакувај си ги скиите и оди си дома“ – Max Franc, „Првиот пат кога бев на почетокот во Kitzbühel бев многу исплашен… всушност сакав да се повлечам назад од куќичката за старт и да се симнам надолу со гондолата“ – Didier Cuche, пишуваат за филмот.

На 1 март во киното Фросина ќе биде проектирана премиерата нa филмот „Штрајф – Едно пеколно возење” кој ја разработува приказната за една од најстрашните спуст патеки во светот, а покрај филмот ќе се одржат и уште неколку презентации поврзани со скијањето кај нас. „Штрајф – Едно пеколно возење” е наменет за сите љубители на планинскиот филм, адреналинот, борбата, брзините, скијањето и зимските спортови. Предизвикувачки и инспиративен документарен филм за вистинските животи на ѕвездите од Светскиот куп во Алпско скијање, нивните стории за борба со стравот, болките, страдањата и желбата за победа, патот до врвот.

Streif е добитник на Romy наградата за најдобар документарен филм во 2015 година. За време на премиерите низ Европа, филмот распродаде безброј проекции, а оваа година започнуваат и премиерите низ Америка.

Селекторот на македонската ски репрезентација Иван Лесевски за спустот во Кицбил вели: „Сме биле неколку пати таму и без претерување може да се каже дека е еден од најубавите ски центри во Европа. Ова е традиционално австриско скијалиште за организација на натпревари, што значи дека патеките се исклучително тешки. Спустот во Кицбил е секако најтешката и најопасна патека за спуст во светот. Патеката е исклучително долга со доста рамни делови во средината што ги тера натпреварувачите да останат ниско клекнати и што доста ги заморува. Брзината на скијачите е често поголема од 150 км/час, која брзина и кога скијачите се одморени може многу тешко да се контролира. Сепак овој настан претставува најпопуларен скијачки натпревар на светот кој што во живо го следат секогаш повеќе од 50.000 гледачи, како и неброени телевизиски гледачи – вистински празник на скијањето! Се надевам дека голем број на љубители на скијањето ќе дојдат да го гледаат овој филм на премиерата во Скопје, а секако на сите нив од се срце им пожелувам да им се исполни желбата еден ден во живо да го следат овој натпревар, а секако и да се скијаат по прекрасните патеки на Кицбил.”

Цели 75 години традиционалната трка Ханенкам во Кицбил, Австрија, произведува незаборавни триумфи и трагедии со големи емотивни болки, наследство кое е полно со митови и легенди. Никаде на друго место скијањето не се прославува толку интензивно. “Штрајф – едно пеколно возење” сликовито го споделува овој значаен повод, заедно со самите подготовки. Ова е документарен филм за ултимативниот ски натпревар!

Филмот ги следи протагонистите во текот на дванаесет емотивно набиени месеци во кој сè се врти околу врховната дисциплина на ски трките, спустот, во неговиот најозлогласен и најславен облик. Страста и неизвесност се интензивираат, а резултатот – дали победа, пораз или несреќа – е неизвесен до самиот крај. Интензивната активност е прекината само со речиси неподносливата минута молчење пред секој од тркачите да се впушти во својата трка.

Бајковитиот тиролски град Кицбил врие од енергија откако трката во 2013 година завршува со весела забава. И тоа со добра причина: никаде на друго место елитните скијачи не се толку среќни што се вратиле од трката во еден дел. За нив падината за спуст Шрајф на планината Ханенкам е врвен предизвик кој може да се завладее само со совршена техника и извонредна храброст.