Работник загина во рудникот за мермер „Сивец“

Прилеп, 10 август, 2016 – 12:57 (META) 
rudnik-sivec

Четириесет и осумгодишен прилепчанец К.П., вработен во рудникот „Сивец“ вчера бил тешко повреден, кога мермерна плоча паднала врз него и го потиснала. Работникот, како што информираат од полицијата, им подлегнал на повредите во Ургентниот центар во Скопје.

Несреќата се случила околу 10.30 часот во близина на рудникот во селото Присад, каде при сечење на мермерни плочи, една од нив паднала и го потиснала работникот. Вработени во рудникот успеале да ја тргнат плочата од нивниот колега, кој веднаш бил пренесен во прилепската болница, каде му биле констатирани тешки повреди на телото.

Поради сериозноста на повредите, работникот бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде починал.

Екипа од полициската станица во Прилеп и трудов инспектор извршеле увид на местото на несреќата.