Роналдо им се извинил на соиграчите

 

Напаѓачот на Реал, Кристијано Роналдо, јавно им се извини на соиграчите за критиките кои ги упати кон нив по поразот во градското дерби од Атлетико (0:1). Тогаш Португалецот на новинарите им изјави дека Реал би бил прв на табелата доколку сите во тимот се на неговото ниво.

Image (9)

Според специјализираниот фудбалски портал „goal.com“, Роналдо на тренингот во понеделникот им се извинил на своите соиграчи.

Роналдо, на дербито со Атлетико, беше еден од најлошите играчи на Реал. Тој во моментов се наоѓа на второто место на листата на најдобри стрелци во Примера, со 22 постигнати гола, три помалку од Луис Суарез.

Реал, по 26 натпревари во Примера, има 12 бодови помалку од лидерот Барселона и четири од второтпласираниот Атлетико.

Во наредното коло Реал ќе гостува кај Леванте.

макфакс