Совршени нокти со 3 состојки

Кршливите нокти, заноктиците и сувите кожички може да бидат големи непријатели на девојките. Сите сакаат убави, негувани и цврсти нокти, но од различни причини не можат секогаш да го постигнат максималниот ефект.

nokti_limon_nega

 

Наместо постојано да одите на маникир или да правите надградба на ноктите, може само со помош на 3 состојки да ги вратите вашите во живот и да ги направите совршени.

Доволни ви се неколку третмани и ќе имате нокти кои потоа само ќе ги одржувате, лакирате и украсувате.

Потребни ви се: морска сол, лимон и маслиново масло.

Во 200 милилитри топла вода сипете 2 супени лажици морска сол. Мешајте додека не се растопи, а потоа ставете ги прстите и држете ги така околу 10 минути.

После тоа, истријте ги ноктите со резанка лимон и оставете ги да отстојат.

Измијте ги рацете, добро исушете ги и премачкајте ги со маслиново масло. Добро е потоа да ставите и памучни ракавици.

Солта ја зајакнува плочката на ноктите, лимонот ги избелува и го забавува растот на заноктиците. Маслиновото масло најдобро ги хидрира и негува.

Третманот праветего секој или секој втор ден во рок од две до три недели, а резултатот нема да изостане. Ќе имате цврсти и здрави нокти.