Сончево со невообичаено високи температури за овој период од годината

Сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Image
Утринската температура ќе се движи од -3 до 6 степени, додека дневната ќе биде во интервал од 14 до 22 степена.

Во Скопје и околината слично време со температура до 16 степени.

До среда ќе се задржи стабилно и релативно топло време со утринска магла по одделни котлини. Значителна промена на времето се очекува во четврток кога ќе има заладување со засилен северен ветер и врнежи од дожд, а на некои повисоки места и на планините од снег