Тешка сообраќајна несреќа во Франција, 12 загинати

Минибус што доаѓал од Швајцарија се судрил ноќта кон петок со камион во централна Франција, при што 12 патници во минибусот загинале, за кои се верува дека се португалски државјани.

Image
Минибусот од „непознати причини прешол на другата коловозна лента и директно се судрил со камионот што доаѓал од спротивна насока“, наведува локалната власт.

Возачот на минибусот и двајцата возачи на камионот, обајцата Италијанци, се повредени, но се вон животна опасност.

На возачот на минибусот му било извршено алкотестирање, а резултатите биле негативни, се дознава од правосуден извор.

Сообраќајницата на која се случи несреќата важи за исклучително опасна.

„Прилично е досадна, брзината е ограничена на 90 километри на час. Некои возачи се нестрпливи, а некои заспиваат“, рече правосудниот извор.

Покрената е истрага за околностите што довеле до несреќата.

Во јули 2007 година во француските Алпи загинаа 26 полски верници.