Турска фирма им продавала на мигрантите елеци полни со сунѓер

Турска компанија е фатена во обид да им продаде на бегалците неиспрани елеци за спасување, направени од материјал кој станува потежок кога ќе се натопи и со нив може побрзо да се потоне.

Image

Турската полиција упадна во работилница во Измир, крајбрежен град којшто често е појдовна точка за мигрантите кон Европа, и затекнале работници како ги полнат елеците со материјали за амбалажа, наместо со материјал којшто плови, јавува Би Би Си.

Полицијата запленила 1.200 елеци, а меѓу работниците биле две млади Сиријки.

Сиријците често се собираат во Измир барајќи начин да стигнат на брод со којшто би биле прошверцувани во Европа.

За да заработат пари за на брод бараат работа, заедно со храна и засолниште, каде што може. Освен тоа, тие треба да купат и елеци за патувањето на брод, а добро направените елеци чинат до 150 долари. Лошите елеци може да чинат и 15 долари, но тие речиси и да не пловат, но очајните мигранти ги купуваат.

Овие елеци се црни и се тешко воочливи на отворено море. Во четвртокот, полицијата во Измир запленила 300 лошо направени елеци од сириски мигранти кои веќе ги купиле, наведува турскиот весник „Хуриет“.

Саит Гудерогул, еден од најголемите произведувачи на елеци во Турција, изјави дека овие лажни елеци за спасување може да го загрозат оној што ги носи, повеќе отколку оној кој воопшто не носи елек.

„Таквите елеци за спасување се направени од материјали за ранци и исполнети со сунѓер, а бидејќи сунѓерот апсорбира вода, елеците ги влечат луѓето и може да предизвикаат давење“, изјави тој.