Турција им забрани на своите академици да патуваат во странство

Турскиот Совет за високо образование им забрани на сите академици да патуваат надвор од земјата, јави турската државна телевизија ТРТ.

turcija-aerodrom-860x680

Засега не се знае до кога ќе трае забраната за патување во странство, која доаѓа непосредно откако владата нареди разрешување на 1.577 декани од универзитетите во земјата и им ги одзеде лиценците за работа на околу 21.000 наставници во приватните училишта.

Според последните процени на агенцијата „Блумберг“, досега се отпуштени околу 60.000 професионалци поради сомневање дека се поврзани со пучот што, наводно, го предводи свештеникот Фетулах Ѓулен, кој доброволно живее во егзил во САД.