Шефот на кампањата на Трамп уапсен за напад врз новинарка

Кори Левандовски, шефот на кампањата на милијардерот Доналд Трамп, водечкиот кандидат за номинацијата на Републиканската партија за претседателските избори во САД на 8-ми ноември, уапсен е во вторникот на Флорида, бидејќи нападнал новинарка, се дознава од полициски извори.

Image

Според полицискиот извештај, 42-годишниот Кори Левандовски,, е обвинет дека грубо ја зграпчил за раката Мишел Филдс, поранешна новинарка на конзервативниот медиуми Breitbart, на 8-ми март на Флорида, во текот на настан поврзан со претседателската кампања.

Филдс тврди дека Левандовски ја зграпчил спротивно од нејзината волја, како и дека на раката поради тоа ѝ останала модринка. Полицијата објави и видео на коешто се гледа дека шефот на кампањата на Трамп ја фатил новинарката за рака и ја повлекол наназад, па го товари за напад.

Трамп тврди дека Левандовски не е виновен и оти тоа ќе го докаже на суд. „Господин Левандовски апсолутно не е виновен. Ќе се изјасни дека не е виновен и со радост го чека денот во судницата. Целосно е уверен дека ќе биде ослободен од обвинението кое го товари“, соопштија од таборот на Трамп.

Законот на Флорида го дефинира нападот како „намерно допирање на лице против неговата волја“ и се казнува до една година затвор или со глоба од 1.000 долари.